iPhone: Повици и приватност

Научете како да ја заштитите вашата приватност со блокирање на досадни повикувачи, заштита на вашиот приватен број и контролирање кој и кога ве повикува.

Пред да почнете

Пред да почнете, бидете сигурни дека вашиот iPhone е вклучен и целосно полн. Исто така, вашиот софтвер треба да биде ажуриран.

Како да примате телефонски повик на iPhone

Како да поставите ИД на повикувач

Стандардно вашиот број на мобилен телефон ќе се појавува на екранот на сите мобилни телефони што ги повикувате. Ако се наоѓате во Списокот со контакти (Contacts list) на тоа лице, тогаш вашето име ќе се појавува на телефонот на тоа лице. За да ја исклучите оваа поставка:

  • во апликацијата Поставки (Settings app) најдете ја опцијата Телефон (Phone) и поставката Покажи го моето ИД на повикувач (Show My Caller ID)
  • на овој екран допрете го копчето (switch) за да го исклучите ИД на повикувач (Caller ID). Допрете го повторно ако сакате повторно да го вклучите.
Исклучувањето на ИД на повикувач функционира само за телефонски повици. Ако праќате текстуална порака, примателот сепак ќе може да го види вашиот телефонски број или име.

Како да блокирате повикувач

Можете да блокирате одделни броеви да ве повикуваат на мобилниот телефон користејќи го списокот Неодамнешни повици (Recent calls).

  • Допрете ја иконата на Телефон (Phone icon) и изберете го приказот Неодамнешни повици (Recent calls)
  • Допрете ја сината (blue) икона што се наоѓа до бројот што сакате да го блокирате
  • Прелистајте до долниот дел на опциите и допрете на Блокирај го овој повикувач (Block this Caller), а потоа потврдете го ова во скок-прозорецот
  • Ако подоцна се предомислите, Одблокирајте го овој повикувач (Unblock this Caller) повторувајќи ги чекорите споменати погоре.

Како да ја користите функцијата Не вознемирувај

Оваа функција спречува вашиот телефон да прима повици, текстови или е-пошта.

  • Во менито Поставки (Settings menu) најдете ја опцијата Фокус (Focus), а потоа допрете на Не вознемирувај (Do Not Disturb)
  • Вклучете ја функцијата Не вознемирувај (Do Not Disturb) со копчето што се наоѓа во горниот дел на овој екран. Допрете го повторно копчето за да ја исклучите функцијата Не вознемирувај (Do Not Disturb)
  • Повиците, текстуалните пораки и е-пораките се блокирани кога функцијата Не вознемирувај (Do Not Disturb) е вклучена (on)
  • Ако сакате да примате е-пораки и текстови без да слушате предупредување, користете го Тивкиот режим (Silent Mode) наместо Не вознемирувај (Do Not Disturb)
  • Кога ќе ја исклучите функцијата Не вознемирувај (Do Not Disturb), ќе се појават сите текстови и е-пораки, како и известувања (notifications), за телефонски повици што сте ги пропуштиле додека таа беше активна
  • Допрете на Додај распоред или автоматизација (Add Schedule or Automation) за да ги видите опциите за закажување време кога не сакате да ве вознемируваат
  • Користете ги контролите за да создадете распоред. Тоа може да бидат одредени времиња во текот на денот и одредени денови во неделата
  • Кога ќе го поставите распоредот, можете да го видите во Вклучи автоматски (Turn on Automatically) на главниот екран на Не вознемирувај
  • Поставете исклучоци (exceptions) со допирање на Луѓе (People). Потоа можете да Додадете контакти (Add contacts) во вашиот список со Дозволени луѓе (Allowed People), за да можете да добивате повици и СМС од нив кога функцијата Не вознемирувај е вклучена.